Соопштенија

Вторник, 16 декември 2014 година

Работен состанок на тема Климатски промени

Пратеникот и претседател на ДОМ, г-ѓа Лилјана Поповска, на 17 декември 2014 година, во 10 часот, во Сала на Влада,  ќе оствари работен состанок со Еколошкото здружение Гоу Грин, со поддршка на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и Министерството за животната средина и просторно планирање на Република Македонија, на тема Климатски промени.

Состанокот ќе има за цел информирање на пратениците за пофготвителните активности на национално ниво, воспоставување механизам за комуникација и информирање за активностите поврзани со Самитот за климатски промени во Париз, Франција и формирање на координативно тело (лоби група) и вклучување на пратениците во подготовката за Самитот во Париз, Франција.

Click