Соопштенија

Среда, 23 септември 2015 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција на тема "Јавниот сервис и парламентите"

Во организација на Европскиот парламент во соработка со Парламентот на Република Хрватска, Европската Радиодифузна Унија и Хрватската Радио-телевизија на 24 и 25 септември 2015 година во Загреб, Република Хрватска, ќе се одржи Интерпарламентарна конференција на тема "Јавниот сервис и парламентите". 

На Конференцијата ќе учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав г. Реџаиљ Исмаили, претседател на  Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Лилјана Затуроска, член на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Интерпарламентарната конференција се очекува да биде отворена од г. Јосип Леко претседател на парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Ингрид Делтрине генерален директор на Европската Радио дифузна Унија, г. Гвозден Флего пратеник од парламентот на Република Хрватска, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

Во рамките на програмата, првиот ден предвидено е да се отвори дискусија за улогата на парламентите и јавните сервиси, нивната соработка, европските стандарди и практики во земјите од Југоисточна Европа и Турција, назначувањето на процедури за медиумите на јавниот сервис, именувањето на управни и надзорни одбори, односот меѓу парламентот граѓаните и Радиодифузерите, парламентарна покриеност од страна на медиумите и важноста на обезбедување на информации за работата на Собранието. На Конференцијата се очекува да се дебатира и да се отворат прашања за медиумите на јавниот сервис и парламентите, ќе бидат дадени кратки извештаи по земји како медиумите на јавниот сервис во Југоисточна Европа и Турција ја опфаќаат работата на парламентот, предизвиците и препораки, парламентарни канали, искуствата на добро воспоставени парламентарни канали.

На вториот ден на Конференцијата се очекува да се дебатира и да се отворат прашања во врска со медиумската покриеност на изборите на Европскиот парламент и неговата работа.

На претстојниот Парламентарен семинар ќе учествуваат европратеници, претставници од парламентите на Земјите на Западен Балкан и Република Турција, претставници од Европската комисија, експерти, претставници од националните радио дифузни сервиси, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен, со акцент на размена на информации меѓу учесниците. 

Click