Соопштенија

Среда, 25 ноември 2015 година

Собраниска делегација на Регионална парламентарна конференција во Jaхорина, Босна и Херцеговина

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците г. Драган Цуклев, г. Jaмин Синани и г. Ѓорѓи Кoџабашиев, на 26 и 27 ноември 2015 година, ќе учествува на Регионална парламентарна конференција на тема: „Работење на зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан - постигнувања и перспективи".

Во рамките на програмата, предвидено е да се отвори дискусија за Извештаите од Европската комисија за 2015 година, за земјите-кандидати за членство во Европската унија и за земјите потенцијални кандидати, за инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) 2014-2020, парламентарниот надзор за Буџетите, Берлинската агенда и заклучоците од Виенската конференција.

Оваа Конференција е дел од активностите на Регионалната парламентарната мрежа на Комисиите за финансирање и буџет, економски прашања и европски интеграции во организација на Вестминстер фондацијата за демократија.

Click