Соопштенија

Петок, 3 април 2015 година

Соопштение до јавноста

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека Собранието повторно ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните. Како што и претходно информиравме, а поради изведување на градежни работи на зградата на Собранието на Република Македонија, посетите на граѓаните беа времено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност. 

Посетителите ќе имаат можност да го посетат свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.

Собранието ќе биде отворено секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02 3 113 683 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетета.    

Click