Соопштенија

Четврток, 26 март 2015 година

Учество на Александар Николоски на семинар во Истанбул

Пратеникот г. Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) и потпретседател на ПС на СЕ ќе учествува на семинарот „Избрани тела: транспарентност во функционирањето и отчетност”, што ќе се одржи на 26 и 27 март 2015 година во Истанбул. 

На семинарот, кој го организира Парламентарното собрание на Советот на Европа, во соработка со Големото турско национално собрание, ќе учествуваат пратеници од ПС на СЕ и од Парламентарното собрание на туркофонските земји (ТУРКПС).

Целта на семинарот е да се подигне свеста меѓу пратениците за постоењето на механизми и алатки за зголемување на ефикасноста во функционирањето на избраните институции. На сесиите ќе бидат разменети мислења и информации за етичките кодекси за пратениците, како и за стандардите и препораките на Советот на Европа за финансирање на политичките партии и изборните кампањи. Во својство на претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Македонија, пратеникот г. Николоски ќе ги информира учесниците на семинарот за надлежностите и прашањата што ги разгледува оваа комисија. 

На маргините на состанокот се предвидени билатерални средби со пратеници од повеќе држави.

Click