Соопштенија

Петок, 31 октомври 2014 година

Владимир Ѓорчев на Парламентарен семинар во Мадрид

Во организација на ПС на Советот на Европа, на 31 октомври 2014 г., во Мадрид, Кралството Шпанија, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Улогата на националните парламенти во имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права". 

На Семинарот, од Собранието на Република Македонија, учествува пратеникот г. Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.  

Главната цел на овој семинар е да се поддржат членовите на националните парламенти во подобрување на нивното знаење на Европската конвенција за човекови права и да се спроведе ефикасно имплементирање на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и да се разгледа ефикасноста на постојните парламентарни структури и механизми за проверка на стандардите на Конвенцијата.

ПС на СЕ во 2011 година донесе Резолуција за „Националните парламенти: гаранти на човековите права во Европа", во која е укажано дека: „во однос на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Парламентарното собрание на Советот на Европа посочува на позитивните примери во неколку земји-членки, особено во Обединетото Кралство, Холандија, Германија, Финска и Романија, кои имаат поставено парламентарни структури за следење на спроведувањето на пресудите на Судот". 

На овој семинар, покрај членови на ПС на Советот на Европа, се поканети учество да земат парламентарци и од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Франција, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Молдавија, Србија, Словачка и Турција. 

Click