Соопштенија

Петок, 27 јуни 2014 година

Учество на Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, ќе учествува на 23. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули 2014 година во Баку, Република Азербејџан

повеќе...

Понеделник, 23 јуни 2014 година

Летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 23 до 27 јуни 2014 година, во Стразбур, се одржува летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која учествуваат шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија г. Александар Николоски и заменик на членот на Делегацијата г. Имер Алиу.

повеќе...

Вторник, 27 мај 2014 година

Свечено отворање на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, г. Стефано Лазарото ќе се обратат на прес-конференција по повод свечено отворање на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија

повеќе...

Среда, 14 мај 2014 година

Учество на седница на мониторинг-комисијата

Од 14 до 16 мај во Париз, Франција, шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Александар Николоски ќе учествува на седницата на  мониторинг-комисијата, во својство на потпретседател, како и на состанокот на Ад-хок комисијата за функционирање на парламентарната мониторинг-постапка, во својство на член.

повеќе...

Среда, 26 февруари 2014 година

Писмо до г. Штефан Шенах, претседател на Мониторинг комисијата на Парламентарно собрание на Советот на Европа

Имено, во Извештајот, во делот посветен на локалната самоуправа, се повикува на намалување на малите општини на локална самоуправа со цел да се создадат поголеми и посилни општини кои би биле одржливи единици на локалната самоуправа.

повеќе...

Вторник, 25 февруари 2014 година

Положување свежо цвеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија, на 26 февруари 2014 година, во 12.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на Алејата на великаните, гробишта Бутел. Собраниската делегација ќе биде предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Сузана Салиу, г-ѓа Силвана Бонева и г. Игор Ивановски.

повеќе...

Вторник, 18 февруари 2014 година 

Собраниска делегација на семинар во Брисел

Во организација на Директоратот за надворешни политики, односно Одделението за претпристапни активности, на 19 и 20 февруари 2014 г. во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Здравјето и заштитата на потрошувачите".

повеќе...

Четврток, 13 февруари 2014 година
 
Собраниска делегација на Зимска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ
 
Од 13 до 14 февруари 2014 година во Виена, Австрија ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: г-ѓа Ана Павловска-Данева, шеф на Делегацијата и г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дискутирано за Парламентарната контрола на вооружените и безбедносните сили: обезбедување на транспарентност на национално и меѓународно ниво, Соработката во управување со води во просторот на ОБСЕ, Владеење на правото во просторот на ОБСЕ и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули 2014 година во Баку. Специјалната дебата на оваа сесија ќе биде Подемот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата: предизвици за регионот на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати г. Ранко Кривокапиќ, претседател на ПС на ОБСЕ, г-ѓа Барбара Прамер, претседател на австрискиот парламент, амбасадорот Ламберто Заниери, генерален секретар на ОБСЕ.

повеќе...

Понеделник, 3 февруари 2014 година
 
Положување свежо цвеќе 
 
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав Христина Рунчева, Горан Сугарески, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, по повод 142-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари (вторник) ќе положи свежо цвеќе.

Делегацијата во 11.00 часот ќе положи свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“, а во 12.00 часот на споменикот на Плоштад Македонија.

повеќе...

Понеделник, 3 февруари 2014 година

Собраниска делегација на молитвен појадок во Вашингтон 

Собраниска делегација предводена од потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, во состав: Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров, со покана на американски конгресмени, од 4 - 7 февруари ќе престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на молитвениот појадок.

Секоја година членовите на Конгресот и претседателот на Соединетите Американски Држави, заедно со други високи функционери како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се молат и да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален, национален американски собир што се организира по 62. пат по ред, каде еден до друг седат разни функционери од целиот свет.

Различноста која што ги карактеризира разните светски лидери  и човечноста  општо се допирните точки и точките на соединување.

 

повеќе...

  • 1
  • ...
  • 15
  • 16
  • 17
  •