Соопштенија

Среда, 7 септември 2016 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, собраниска  делегација во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г. Љупчо Димовски, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Роза Топузова-Каревска ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија", на 8 септември (утре), во 11.00 часот, во паркот „Жена борец“.

повеќе...

Среда, 7 септември 2016 година

Доделување на државната награда „8. Септември“

На 8 септември 2016 година (утре), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2016 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

повеќе...

Понеделник, 5 септември 2016 година

Николоски денеска  ќе учествува на состанокот на Бирото на ПССЕ 

Пратеникот Александар Николоски, во својство на потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Париз ќе учествува на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

повеќе...

Вторник, 23 август 2016 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

Државната награда „Мајка Тереза“, за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, се доделува на прим. д-р Димитар Котевски.

повеќе...

Вторник, 16 август 2016 година

Положување цвеќе

По повод 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Сашо Аќимоски, г. Стефан Богоев и г. Чедомир Саздовски ќе положи венци свежо цвеќе на градските гробишта „Бутел“ на 17 август 2016 година(среда), и тоа: 

повеќе...

Петок, 29 јули 2016 година

Положување цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа: 

• Собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Лидија Димова, г. Љупчо Димовски и г-ѓа Роза Топузова Каревска ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје: 

повеќе...

Понеделник, 25 јули 2016 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Драган Данев, г-ѓа Владанка Авировиќ и г-ѓа Софија Куновска по повод  53-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, утре (26 јули 2016 г.) во 10.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата „Бутел“.

повеќе...

Четврток, 30 јуни 2016 година

Собраниска делегација на 25. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од пратеникот г. Владимир Ѓорчев, член  на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), ќе учествува на 25. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 1 до 5 јули 2016 година во Тбилиси, Грузија.

повеќе...

Понеделник, 20 јуни 2016 година

Собраниска делегација на редовната летна сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

На редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 20 до 24 јуни 2016 година во Стразбур, Франција, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Александар Николоски, шеф на Делегацијата, г-ѓа Рената Дескоска, член и г.Имер Алиу, заменик-член.

Централни теми на летната сесија се миграциите и бегалската криза во Европа, односно мигрантите на ризик во Грција и функционирањето на демократските институции во Турција.

повеќе...

Четврток, 16 јуни 2016 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на 20 и 21 јуни 2016 година во Брисел, Кралство Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарна конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето".

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 16
  •