ЕУ вести

Вторник, 2  јануари 2018 година

Бугарија - нов претседавач со ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

Нашиот источен сосед ќе претседава од мотото „Силата е во единството“, а вниманието ќе го насочи и кон Западен Балкан. Во таа насока, официјална Софија најави и специјален мајски самит со земјите кандидатки за членство во ЕУ. Меѓу најавените приоритети за време на претседавањето на Бугарија се: буџетот, „Брегзит“, мигрантската криза, економскиот раст, вработувањето на младите, итн.

Шестмесечното ротационо претседателство, на стартот од новата година, Бугарија го презеде од Естонија, а во јули ќе го предаде на Австрија.