ЕУ вести

Петок, 26 октомври 2018 година

„Сахаров“ за украинскиот филмски режисер Олег Сенцов

Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов е годинешниот добитник на наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент за слобода на мислата. 

повеќе...

Четврток, 27 септември 2018 година

Почеток на скрининг-процесот за преговорите меѓу Република Македонија и ЕУ

Делегација од Република Македонија, составена од 43 претставници на министерства и институции, денеска во Брисел го започнува скрининг-процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската Унија.

повеќе...

Вторник, 25 септември 2018 година

Седумдесет и трето Генерално собрание на ОН

Денеска започнува 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, на чие отворање ќе присуствуваат челниците на Европската Унија: претседателот Жан-Клод Јункер; првиот потпретседател Франс Тимерманс, високата претставничка, потпретседателката Федерика Могерини, како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. 

повеќе...

Четврток, 17 мај 2018 година

Самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Софија, Бугарија, се одржува Самитот на Европската Унија и Западниот Балкан, како потврда на посветеноста на ЕУ кон своите партнери од овој регион и неговата припадност на европското семејство.
Самитот има за цел зајакнување на врските помеѓу ЕУ и Западен Балкан во инфраструктурата, дигиталното и човечкото поврзување, односно справување со заедничките предизвици, како што се безбедноста, миграцијата, геополитичките случувања и добрососедските односи.

повеќе...

Среда, 18 април 2018 година

Македонија со препорака за започнување на пристапните преговори со ЕУ

Република Македонија доби позитивен Извештај за напредокот од Европската комисија, која му предлага на Советот започнување на преговори за членство во Европската Унија, со оглед на постигнатиот напредок и остварувањето на реформите.

повеќе...

Петок, 9 март 2018 година

Извештај за еднаквоста меѓу жените и мажите на Еврокомисијата

Европската комисија го одбележа Меѓународниот ден на жената со објавување на Извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените од 2018 година, како и презентација на Извештајот за жените во технологијата. 

повеќе...

Вторник, 2  јануари 2018 година

Бугарија - нов претседавач со ЕУ

Десетгодишнината од своето членство во Европската Унија, Бугарија ќе ја одбележи како претседавач со Советот на Европската Унија.

повеќе...

Вторник, 2 јануари 2018 година

Леуварден и Валета - европски културни престолнини 

Европската комисија секоја година, почнувајќи од 1985, одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата“ со цел да се промовира чувството на заедништво во Европската Унија. Така, холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта - Валета ја добија титулата европски престолнини на културата за 2018 година.

повеќе...

Вторник, 21 ноември 2017 година

Акционен план на Еврокомисијата за справување со родовиот јаз во платите

Најновото истражување на Евробарометар вели дека родовата еднаквост сè уште не е постигната во земјите членки на Европската Унија. Жените во Европа сè уште се исплаќаат во просек 16,3% помалку од мажите. Родовиот јаз во платите не се намалил во последните години, и во голема мера тоа се должи на фактот што жените имаат тенденција да бидат помалку вработени, во помалку добро платени сектори, помалку промоции, повеќе паузи во кариерата и вршат повеќе неплатена работа.

повеќе...

Понеделник, 20 ноември 2017 година

„Лукс“ за „Sámi Blood“

Филмот „Sámi Blood“ на шведската режисерка Аманда Кернел е добитник на овогодинешната награда „Лукс“ на Европскиот парламент.

Станува збор за трогателна приказна за млада девојка која сонува за поинаков живот, ја напушта својата заедница, но притоа се соочува со расизам.

повеќе...