Собраниско раководство

Четврток, 16 ноември 2017 година

Средба на Меѓуресорската група за реформи 

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа ад хок средба на Меѓуресорската група за реформи, на којашто, покрај претседателот на Собранието, како претседавач присуствуваше министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, координаторите на пратеничките групи, претставници на Комисијата за надзор над Управата за безбедност и контрарзузнавање и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност.

Средбата беше во насока на информации за подготовка  за имплементација на реформите на безбедносните служби коишто произлегуваат од Извештајот на Прибе.

Претседателот Џафери и учесниците ги слушнаа насоките за законските рамки кои ги предвидува Министерството за внатрешни работи, како и планот и временската рамка за имплементација на истите. Претседателот ја поздрави идејата за ваква средба пред истата да биде презентирана пред јавноста и ја поддржа вклученоста на сите заинтересирани страни, како и транспарентноста на целокупниот процес. 

Министерот за внатрешни работи истакна дека пакетот реформи ќе биде предмет на јавна расправа и вклученост на Собранието, надлежните институции, академската сфера, како и невладиниот сектор, со цел да се обезбеди инклузивност и транспарентност на процесот чија цел е заштита на уставниот поредок на земјата, како и на човековите права и слободи. 

Click