Собраниско раководство

Понеделник, 20 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со еврокомесарот Хан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Република Македонија. 

На почетокот на средбата, претседателот Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со реформските процеси неопходни за добивање на позитивна препорака за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија.   

Од своја страна, еврокомесарот Хан  подвлече дека  од суштинско значење е донесувањето на  закони неопходни за добивање на позитивна евалуација на почетокот на следната година и го поздрави односот на претседателот на Собранието кон парламентарната опозиција и позитивните промени во земјата во насока на изготвување на позитивен извештај за Република Македонија. 

На крајот на средбата, претседателот Џафери изрази уверување дека како приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот на реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе.

Click