Собраниско раководство

Среда, 20 декември 2017 година, Тирана

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Демократската партија на Албанија, г. Љуљзим Баша

За време на официјалната посета на Република Албанија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со претседателот на најголемата опозициска партија во Албанија, г. Љуљзим Баша, и пратениците во нејзин состав.   

Претседателот на Демократската партија на Албанија, г. Баша му посака добредојде на претседателот Џафери и ја искористи можноста да му упати искрени честитки за изборот за претседател на Собранието на Република Македонија. Господин Баша нагласи дека Демократската партија на Албанија е силен поддржувач на Република Македонија во однос на евроатланските интеграции. 

Претседателот Џафери истакна дека од особена важност е негувањето на добрососедските односи со пријателска Албанија, бидејќи двете земји споделуваат заеднички интереси. Во таа насока, претседателот Џафери истакна дека Република Македонија и Република Албанија имаат иста стратешка определба – целосна интеграција во Европската унија и за тоа треба да придонесуваат сите политички чинители. 

Што се однесува до улогата на опозицијата, на средбата се истакна дека таа треба да биде конструктивна и да делува во насока на градење на здраво демократско општество каде слободата на изразување е неприкосновено право на секој поединец.  

Click