Собраниско раководство

Петок, 29 септември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со проф. д-р Ахмет Давутоглу

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери денес оствари средба со поранешниот претседател на 62, 63 и 64-та Влада на Република Турција и пратеник од Конја, проф. д-р Ахмет Давутоглу. 

Од двете страни беше изразено огромно задоволство од севкупните македонско-турски политички односи кои се на највисоко моќно ниво и се во духот на традиционалното пријателство, меѓусебното разбирање, толеранција и активна соработка.

Во текот на средбата соговорниците нагласија дека веќе воспоставените и интензивни односи отвораат простор за уште поинтензивна економска соработка. Република Турција е значаен трговски партнер на Република Македонија, а соработката меѓу двете земји на сите полиња е исто така успешна, окарактеризирана со позитивен тренд и континуитет. 

Соговорниците се согласија дека покрај цврстото пријателство и плодната соработка, двете земји ги поврзуваат тесни историски и културни врски. Дополнително, добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарна соработка, на билатерално ниво, меѓу Собранието на Република Македонија и Големото национално собрание на Република Турција, но и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија.

На средбата беше изразена благодарност за доследната и конструктивна поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија во рамките на евроатланските интеграции. Осврнувајќи се за нашата стратегиска определба, претседателот Џафери нагласи дека особено е важна отворената и силна поддршка на Република Турција за интеграција на Република Македонија во НАТО, како и принципиелните ставови на Република Турција во однос на употребата на уставното име на нашата земја.

На крајот на средбата, соговорниците изразија надеж дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.

Click