Собраниско раководство

Четврток, 21 декември 2017 година, Тирана

Средба на претседателот Џафери со вицепремиерката на Албанија, г-ѓа Сенида Меси 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со заменик-претседателката на Владата на Република Албанија, г-ѓа Сенида Меси. 

На почетокот на средбата, заменик-претседателката на Владата на Република Албанија, изрази задоволство од можноста да се сретне со претседателот на Собранието и да разменат мислења во насока на унапредување на  односите меѓу двете земји. Од суштинско значење е потпишувањето на договори за соработка во областа на земјоделството, здравството и образованието, при што претседателот Џафери истакна дека Собранието на Република Македонија ќе ги поддржи сите иницијативи кои се во насока на продлабочување на соработката на двете пријателски земји.  

Претседателот Џафери го поздрави неодамнешното одржување  на заедничката седница на двете Влади, што претставува уште еден чекор на продлабочување на добрите односи и регионална соработка. Добрососедските односи и политиката на отвореност кај соседите е приоритет на Владата на Република Македонија, бидејќи тоа е неопходно за целосна интеграција на регионот во евроатланските структури. 

Вицепремиерката Меси ги пренесе пораките за безрезервната поддршка во однос на полноправното членство на Република Македонија во НАТО и се надева дека набрзо ќе биде отстранета и последната пречка која стои на патот за влез. 

На крајот од средбата, двете страни се согласија дека треба забрзано да се работи на инфраструктурната и енергетската поврзаност на двете земји, бидејќи со тоа ќе се олесни и унапреди економската соработка.  

Click