Собраниско раководство

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со амбасадорот на Шпанија во Република Македонија г. Рамона Бароа Каранза

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Шпанија во Република Македонија г. Рамона Бароа Каранза.

Претседателот Џафери се заблагодари на честитките по повод неговиот избор за претседател на Собранието што му ги упати шпанскиот амбасадор, кој патем и му врачи писмо со честитки за неговиот избор директно од претседателот на Парламентот на Кралството Шпанија.

Претседателот на македонското собрание на средбата ја потенцираше потребата од зајакнување на севкупните политички и економски односи со Кралството Шпанија, и изрази надеж дека во таа насока на зајакнување ќе се движи и меѓусебната парламентарна соработка меѓу двете земји.

Исто така, претседателот Џафери ја искажа благодарноста за поддршката што ѝ ја дава Шпанија на Република Македонија кон нејзиниот евроатлантски пат и ја истакна потребата од експертска помош при започнување на преговорите со ЕУ и Република Македонија.

Шпанскиот амбасадор ја истакна спремноста на неговата земја, како и шпанската влада, да продолжи да нè поддржува кон нашиот евроинтегративен процес како и поддршка на ангажманот кон НАТО и ЕУ.

Тој ја изрази својата надеж дека настаните од 27 април се историја и понатаму ќе ги отвориме нашите перспективи во духот на европските текови.

На крајот и двајцата соговорници ја изразија својата надеж дека политичката криза во Република Македонија е зад нас и успешно ќе чекориме понатаму кон развојот и демократизација на нашето општество.

Click