Собраниско раководство

Вторник, 4 јули 2017 година, Улцињ

Средба на собраниска делегација со градоначалникот на Улцињ, г. Назиф Цунгу

Во продолжение на првата официјална посета на Црна Гора, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и пратениците г. Максим Димитриевски и г. Џевад Адеми, се сретнаа со градоначалникот на Улцињ, г. Назиф Цунгу и со претставници од Општината. 

На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и констатирано дека истата само треба да се продлабочи и надгради во областа на економската соработка, со оглед на тоа дека нема отворени прашања. 

Господин Цунгу упати срдечни честитки за формирањето на новата Влада, при што констатираше дека стабилноста на Република Македонија влијае врз стабилноста на целиот регион. 

Исто така,  градоначалникот информираше дека по пристапот на Црна Гора во НАТО, на забележителен начин се зголемил интересот за странски инвестиции од страна на познати светски компании. 

Соговорниците разменија мислења за правните, административните и фискалните аспекти на децентрализацијата. Беа разменети и позитивните искуства за интегрирањето во мултиетничките средини. 

Со посетата на Улцињ и после дадените изјави од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија и градоначалникот Цунгу, Делегацијата предводена од претседателот Талат Џафери ја заокружува официјаната посета на Црна Гора.

Click