Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Четврток, 26 април 2018 година

Неформално дружење на пратениците со членовите на Владата на Република Македонија

Собранието на Република Македонија, со поддршка на Националниот демократски институт, воспоставува новина во однос на комуникацијата меѓу пратениците и членовите на Владата на Република Македонија. 

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година

Претседателот Џафери се сретна со својот грчки колега, г. Николаос Вуцис, претседател на Парламентот на Грција 

Во една неформална и пријателска атмосфера, двајцата претседатели разменија мислења околу отпочнувањето на парламентарна соработка меѓу двата парламента, како на ниво на претседатели, така и на ниво на парламентарни групи за соработка.   

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година, Талин

Билатерална средба на претседателот Џафери со претседателот на Австрискиот национален совет, г. Волфганг Соботка

Во рамките на учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти од земјите на Европската Унија, која што се одржува на 23 и 24 април во Талин, Естонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Австрискиот национален совет, г. Волфганг Соботка. 

повеќе...

Сабота, 21 април 2018 година

Други средби на претседателот Џафери во рамките на официјалната посета во Република Турција

Во продолжение на официјалната посета во Република Турција на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, се остварија и две средби во Истанбул, на кои, исто така, присуствуваа и другите членови на Делегацијата, односно г. Весел Мемеди, потпретседател на Собранието, г. Енес Ибрахим, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција и г. Јусуф Хасани, член на Пратеничката група за соработка.

повеќе...

Петок, 20 април 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери, во рамките на официјалната посета на Република Турција, во Анкара, се сретна со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. На средбата присуствуваа и пратениците: г. Весел Мемеди, г. Енес Ибрахим, и г. Јусуф Хасани.

повеќе...

Четврток, 19 април 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Исмаил Кахраман

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, во придружба на пратениците: г. Весел Мемеди, потпретседател на Собранието; г. Енес Ибрахим, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција и г. Јусуф Хасани, член на Пратеничката група за соработка, денеска ја започна официјалната посета на Република Турција со посета на Мавзолејот на Ататурк, каде положи венец и се потпиша во Златната книга.

повеќе...

Среда, 18 април 2018 година

Извештајот е обврска да продолжиме со реформите на патот кон ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со комесарот за европска добрососедска политика и преговори за проширување, г. Јоханес Хан, кој официјално го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година на Европската комисија. 

повеќе...

Четврток, 12 април 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Комисијата за прашања на Европската унија од Бундестагот на Сојузна Република Германија, предводена од претседателот на Комисијата, г. Гинтер Крихбаум, во придружба на г. Харалд Вејер и г. Томас Хакер.

повеќе...

Среда, 11 април 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Павло Климкин, министер за надворешни работи на Украина 

Претседателот Џафери изрази задоволство од интензивирањето на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Украина, а особено на билатералната соработка меѓу двата парламенти, истакнувајќи дека Делегација на Врховната Рада на Украина оствари работна посета на земјава во ноември минатата година.

повеќе...

Среда, 4 април 2018 година

Средба на претседателот Џафери со словенечкиот премиер Церар

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија: г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, г-ѓа Шпреса Хадри, г-ѓа Лилјана Поповска и г. Неџбедин Каремани. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 16
  •