Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 28 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери и Делегацијата на Собранието во ИПУ со Швајцарската делегација во ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ИПУ, предводена од  г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во рамките на учеството на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева, Швајцарска Конфедерација, имаше работен ручек со Швајцарската делегација во ИПУ, предводена од г. Андреа Корони, шеф на Делегацијата.

повеќе...

Вторник, 27 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламентот на Грузија, г. Иракли Кобахиѕе 

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на маргините на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), во Женева, Швајцарска Конфедерација, оствари средба со г. Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија, на негово барање.

повеќе...

Понеделник, 26 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Големото национално собрание на Турција и претседателката на Народното собрание на Република Бугарија  

Во рамките на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 24 до 28 март 2018 година во Женева, Швајцарска конфедерација, претседателот на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери, оствари одделни средби со претседателот на Големото национално собрание на Турција г. Исмаил Кахраман и претседателката на Народното собрание на Република Бугарија г-ѓа Цвета Карајанчева.

повеќе...

Петок, 23 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Никос Коѕиас

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Никос Коѕиас, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваа и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Грција.

повеќе...

Петок, 23 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери, со г-ѓа Лилиана Танги, пратеничка во Националното Собрание на Француската Република

Претседателот на Собранието, г. Џафери, на почетокот на средбата изрази задоволство од неоптоварените, извонредни и пријателски односи меѓу Република Македонија и Француската Република. Ја поздрави континуираната француска поддршка на евроатланската интеграција на Република Македонија. Истакна дека од особена важност е јакнењето на меѓупарламентарните односи на двете држави, како и заемната поддршка во рамките на мултилатералната соработка. 

повеќе...

Петок, 23 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со европратениците Ковачев, Петерле и Келам

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Групата на Европската народна партија во Европскиот парламент, предводена од европратеникот Андреј Ковачев, придружуван од европратениците Алојз Петерле и Туне Келам. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

повеќе...

Вторник, 13 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Марија Пејчиновиќ-Буриќ, потпретседателка на Владата на Република Хрватска и министерка за надворешни и европски работи

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г-ѓа Марија Пејчиновиќ-Буриќ, потпретседателка на Владата на Република Хрватска и министерка за надворешни и европски работи, која престојува во официјална посета на Република Македонија. 

повеќе...

Понеделник, 12 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Денис Звиздиќ, претседавач со Советот на министри на БиХ                                          

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денешната средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, г. Денис Звиздиќ,  ја оцени како продолжение на добрата и пријателска соработка меѓу двете земји и притоа го поздрави и денешното потпишување на Спогодбите помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, како предуслов за уште посилна и посестрана соработка во повеќе области.  

повеќе...

Понеделник, 12 март 2018 година

Седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Република Македонија во логорот на смртта Треблинка

Денеска, Собранието на Република Македонија одржа седница по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Република Македонија во логорот на смртта Треблинка. На седницата беа поканети претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, министрите во Владата на Република Македонија, претставниците на верските заедници и религиозни групи во Република Македонија, дипломатскиот кор, делегација од Босна и Херцеговина, делегација од Државата Израел, делегација од Република Романија, делегација од Република Полска, делегација од САД, како и делегации од еврејски институции и заедници.

повеќе...

Петок, 9 март 2018 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадори на Република Австрија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорите на Република Австрија во Атина, Подгорица, Сараево, Приштина, Белград и Брисел, предводени од д-р Клаус Вулфер, раководител на Одделот Западен Балкан и проширување на ЕУ од Министерство за надворешни работи на Австрија. На средбата присуствуваше и амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, м-р Ренате Коблер. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 16
  •