Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Петок, 7 септември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Осми септември, заедно со двата Илиндена како што народски ги нарекуваме, се троножецот врз кој е поставена и се развива Република Македонија. Ако генерациите илинденци од Илинден 1903 и Илинден 1944 година се бореа храбро, решително и визионерски, а многу од нив при тоа ги дадоа и своите животи, граѓаните на 8-ми септември 1991-ва година исто така храбро, визионерски и масовно гласаа на референдумот и се определија за независна и самостојна Република Македонија. 

повеќе...

Петок, 7 септември 2018 година

Прес-конференција на претседателот Џафери

Собранието на Република Македонија и пратениците имаат чест и одговорност да бидат овластен носител на кампањата за референдумот закажан за 30 септември 2018 година. 

повеќе...

Четврток, 2 август 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката 

2 Август или Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани кои се бореле и го положиле најдрагоценото, својата младост, своите животи за да ја создадат нашата заедничка држава, Република Македонија. Без разлика дали станува збор за Илинден 1903-та, односно Крушевската Република, или пак за Илинден 1944-та, односно заседанието на АСНОМ, кога се поставени темелите на државотворноста, сите тие генерации имале една единствена цел, слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика. 

повеќе...

Петок, 27 јули 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница по повод смртта на истакнатиот албански деец, Адем Демачи  

Денеска, тука сме собрани по еден повод што нè растажи сите нас што сме имале среќа да живееме во исто време кога живеел и националниот херој, симболот на националниот отпор, патоказот и гласот на националната совест, заштитникот на правата и слободите на неалбанските малцинства, слободољубецот и родољубот, визионерот и истакнатиот писател, Адем Демачи.

повеќе...

Четврток, 12 јули 2018, Варшава

Обраќање на претседателот Џафери на 3. Самит на спикери на Парламенти на Централна и Источна Европа на тема „Парламентите во меѓународните политики“ 

Во последниве 30 години од паѓањето на железната завеса со која Европа беше поделена на два идеолошки антагонистички блока, многу работи се променија. Ние, државите и народите од Југоисточна Европа кои бевме од другата, јас би рекол темната страна, во овие триесет години на транзиција сепак успеавме да ги вратиме во нашето секојдневие многу цивилизациски и демократски принципи и стандарди кои поради идеолошки причини ни беа забранети, и тука мислам на почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи. 

повеќе...

Петок, 6 јули 2018 година, Струга 

Обраќање на претседателот Џафери по повод отворањето на 27. Фестивал на преработени и стилизирани песни „Кенге јехо“

Задоволство ми е вечерва да бидам тука помеѓу вас, тука во Струга, покрај Црн Дрим, во својство на претседател на Собранието на Република Македонија, опколен со вас, љубители на убавите народни песни и ора.

повеќе...

Среда, 27 јуни 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на 98. РОС-РОТ семинар 

На самиот почеток, би сакал на нашите гости да им посакам пријатен престој кај нас, а секако и на сите учесници, да им посакам успешна работа. За мене, како претседател на Собранието на Република Македонија, е посебно задоволство што откако во 1994 година станавме асоцијативна членка на Парламентарното собрание на НАТО, сега, веќе по седми пат, Собранието на Република Македонија е домаќин на Рос-Рот семинарот. 

повеќе...

Понеделник, 25 јуни 2018 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ГОДИШНАТА СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМИСИИТЕ ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ ОД ПАРЛАМЕНТИТЕ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

На самиот почеток, дозволете да го изразам моето задоволство што ние како Собрание на Република Македонија, поточно Комисијата за одбрана и безбедност, е домаќин на Годинешниот состанок на Центарот за безбедност и соработка, на кој се присутни претставници на Комитетите за безбедност и соработка на Парламентите од државите на Југоисточна Европа. 

повеќе...

Понеделник, 4 јуни 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија

Ми претставува чест и задоволство што денеска присуствувам на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија. Ваквите интерпартиски групи не се новина во Собранието на Република Македонија, меѓутоа се доказ дека сите ние, како пратеници во овој законодавен дом, созреваме и се издигнуваме над партиските интереси и без оглед на политичката провиниенција од која доаѓаме, се здружуваме, соработуваме и правиме нешто што е за општото добро, а во овој случај, за доброто на нашите граѓани од ромската етничка заедница. 

повеќе...

Среда, 30 мај 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери по повод Свеченото одбележување на 20 години Народен правобранител на Република Македонија 

Човековите права и слободи се принципи и стандарди врз кои се гради сегашноста, а јас мислам и иднината на човековата цивилизација. Токму затоа, во секое демократско општество, во секоја демократска држава во која имаме владеење на правото, овие права се штитат и се надградуваат. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 7
  •