Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница п...

Петок, 7 декември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија

Дозволете во мое име и во име на колегите пратеници во законодавниот дом да ви изразам длабоко сочувство по повод заминувањето од овој свет на нашиот некогашен колега пратеник и претседател на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски. Ги повикувам колегите пратеници и сите присутни со едноминутно молчење да ја изразиме нашата почит.

Слава му!

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на публикац...

Петок, 23 ноември 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“, организирана од ДКАФ

Верувам дека сите што сме денес присутни овде на оваа промоција на публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“, споделуваме исто чувство на задоволство бидејќи ова е прв производ на знаење по потпишувањето на Меморандумот за соработка, и ова е знак дека проектот оди добро. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на...

Четврток, 22 ноември 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 22 Ноември, Денот на азбуката 

Среќен сум и во исто време почестен што сум домаќин на оваа величествена вечер, кога одбележуваме 110-годишнина од Битолскиот конгрес, 110-годишнина од унифицирањето на албанската азбука и задоволство ми е да ве поздравам во својство на претседател на Собрание и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, сите вас кои со вашето доаѓање ја зголемивте вредноста и значајноста на овој настан, и искажавте почит кон сонародниците и вашите сограѓани. 

Среќен сум и во исто време почестен што сум домаќин на оваа величествена вечер, кога одбележуваме 110 годишнина од Битолскиот конгрес, 110 годишнина од унифицирањето на албанската азбука и задоволство ми е да ве поздравам во својство на претседател на Собрание и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, сите вас кои со вашето доаѓање ја зголемивте вредноста и значајноста на овој настан, и искажавте почит кон сонародниците и вашите сограѓани. Среќен сум и во исто време почестен што сум домаќин на оваа величествена вечер, кога одбележуваме 110 годишнина од Битолскиот конгрес, 110 годишнина од унифицирањето на албанската азбука и задоволство ми е да ве поздравам во својство на претседател на Собрание и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, сите вас кои со вашето доаѓање ја зголемивте вредноста и значајноста на овој настан, и искажавте почит кон сонародниците и вашите сограѓани. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 64. сесија на Парламент...

Понеделник, 19 ноември 2018 година, Халифакс, Канада

Обраќање на претседателот Џафери на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО 

Би сакал на почетокот на моето обраќање да ја поздравам поддршката на претседателката на Парламентарното Собрание на НАТО, г-ѓа Раза Јукневичиене за Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО Алијансата, како и ангажманот на НАТО преку испраќањето на поканата за членство на Република Македонија во НАТО пред неколку месеци. Особено радуваше фактот што во нејзината програма за работа, меѓу другото како приоритет беше наведена политиката на партнерство и на отворени врати, односно членството на државите од Западен Балкан, Украина и Грузија во НАТО. Со ваша дозвола, ќе направам една мала ретроспектива за нашата присутност во НАТО алијансата.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на тркалезната маса за рев...

Четврток, 15 ноември 2018 година 

Обраќање на претседателот Џафери на тркалезната маса за ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи

На самиот почеток, дозволете да го изразам моето задоволство што денес сум овде со вас на оваа тркалезна маса која Државниот завод за ревизија на Република Македонија ја организира во рамките на Твининг проектот за „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија “ и на која ќе се презентираат резултатите од анализата на регулативата за финансирањето на политичките партии и изборните кампањи.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на студијат...

Четврток, 25 октомври 2018 година

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на студијата „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“

Дозволете на самиот почеток да го истакнам моето задоволство што како претседател на Собранието учествувам на промоцијата на студијата со наслов „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“, студија за која верувам дека ќе помогне во натамошната имплементација на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Собата на...

Среда, 10 октомври 2018

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Собата на Клубот на пратенички 

Задоволство ми е што денес сум тука меѓу вас на овој свечен чин на реализирање на моето ветување дадено по повод Меѓународниот ден на жената и одбележувањето на 15-годишнината од функционирањето на Клубот на пратенички, кога реков дека ќе го следам примерот на шведскиот Парламент и Кралството Шведска, земја со највисок процент на застапеност на жените во политиката и јавниот живот и  како претседател на Собранието на Република Македонија, ќе започнам со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела во Собранието. 
Прочитај повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ 30.9.18...

Недела, 30 септември 2018 година

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ

Дозволете ми да ја искористам оваа прилика, да им честитам на сите граѓани на Република Македонија за овој празничен ден, ден во кој граѓаните и институциите спроведоа ден на гласање без ниту еден инцидент и со мирен и демократски процес на гласање. 
Прочитај повеќе

Прес-конференција на претседателот Џафери 27.09.2018...

Четврток, 27 септември 2018 година

Прес-конференција на претседателот Џафери

На последниот ден од кампањата за референдумот кој ќе се одржи во недела на 30-ти септември 2018 година, сакам како претседател на Собранието на Република Македонија, заедно со Координативното тело и 120 пратеници во Собранието кои водеа кампања за и против поддршка на референдумското прашање, да ги повикам граѓаните да го искористат своето со устав гарантирано право и да излезат и да учествуваат во носењето на најважната одлука за иднината на нашата држава.   
Прочитај повеќе

Oбраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на млади...

Петок, 21 септември 2018 година 

Oбраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на млади лидери на тема „Поттикнување на политички дијалог и консензус“

Политичкиот дијалог и постигнувањето на консензус, според мене се на врвот на вредностите и стандардите кои го дефинираат демократскиот амбиент и политичката култура на едно општество. Во исто време, тоа, колку овие вредности и стандарди се практикуваат, е основното мерило за тоа колку демократски владее една влада. Вистинското место, или ако сакате арена каде што треба да се води политичкиот дијалог и каде што треба да се постигне консензус е Собранието.
Прочитај повеќе
1...567...13              
Click