Соопштенија

Петок, 16 ноември 2018 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав: Шпреса Хадри, Лидија Тасевска и Владанка Авировиќ, ќе учествуваат на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), што ќе се одржи од 18 до 20 ноември 2018 година во Виена, Република Австрија.

На Конференција, меѓу другото ќе се отвори дебата за реализацијата на приоритетите на австриското претседателство со Советот на Европксата Унија, за што свои воведни обраќања ќе имаат претседателот на Австрискиот национален совет, Волфганг Соботка, како и претседателот на австрискиот Федерален совет, Инге Пош-Грушка.

Исто така се очекува и расправа на темите: Брегзит, климатските политики и Енергетската Заедница како и за потребата за поголема транспарентност на Европската Унија и нејзино приближување кон граѓаните во пресрет на престојаните избори за Европскиот Парламент.

Click