Соопштенија

Вторник, 18 декември 2018 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“

На 21 декември 2018 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката и се доделува на Марина Костова, публицист, а за остварување во областа на новинарството на Емин Аземи, новинар.

Click