Соопштенија

Среда, 6 декември 2017 година

Доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2017 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 13.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, им се доделува на: проф. д-р Венко Андоновски - професор и писател и проф. д-р Наим Алими, историчар; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: г. Гарабет Тавитјан, музички уметник, проф. д-р Јордан Плевнеш, писател и г-ѓа Илинденка Петрушева, филмолог.

Click