Соопштенија

Понеделник, 2 април 2018 година

Јавна расправа по Предлог-законот за високото образование

Комисијата за образование, наука и спорт на 5 април  (четврток) 2018 година, со почеток од 11.00 часот, во сала ,,Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлог-законот за високото образование.

На јавната расправа, покрај членовите на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија се поканети и претставници на: Министерството за образование и наука, државните и приватните универзитети и други високообразовни установи, студентите и невладини организации чиј домен на интерес е образовната сфера.

Комисијата за образование, наука и спорт, како собраниско работно тело, е отворена за што пообемен опфат и придонес на сите засегнати субјекти во дефинирањето на конечните решенија за овој закон од исклучително значење - високото образование во Република Македонија. 

Информации за јавната расправа на следните е-маил адреси: kobranau@sobranie.mk и на l.gligorovska @sobranie.мк или на контат телефонот 071/223 865

Click