Соопштенија

Вторник, 24 април 2018 година

Комисијата за економски прашања на состанок посветен на енергијата добиена од обновливи извори

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Горан Милевски, претседател; г. Агим Шаќири, заменик-претседател и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања учествува на состанок посветен на енергијата добиена од обновливи извори во организација на Енергетската заедница, кој се одржува на 24 април 2018 година (денеска) во седиштето на Европскиот парламент, во Брисел, Кралството Белгија.

Покрај претставниците од Собранието, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите членки на Енергетската заедница, пратеници од Европскиот парламент и претставници од други европски институции.

На состанокот ќе се дискутира за моменталната состојба со употребата на обновливите извори на енергија во земјите членки на Енергетската заедница како и начините за зајакнување на одржливата употреба на обновливата енергија во овие земји.