Соопштенија

Петок, 18 мај 2018 година

Надзорна расправа на Комисијата за култура

Комисијата за култура на својата 14. седница ќе одржи надзорна расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.

Надзорната расправа ќе се одржи на 22 мај 2018 година (вторник), со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ 10 Скопје. 

Комисијата за култура поканува сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, координаторите на Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија и други учесници и гости.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.