Соопштенија

Четврток, 3 мај 2018 година

Пратеничката Прентовиќ на Седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на Франкофонијата во Рим

Од 3 до 4 мај 2018 година во седиштето на FAO (Food and Agriculture Organization-Организација за храна и земјоделство на ОН) во Рим, Италија, ќе се одржи Седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г-ѓа Татјана Прентовиќ, пратеник и член на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Во агендата на оваа седница ќе се дебатира за Дигиталната и економската франкофонија, Безбедноста на храната во земјите на франкофонскиот простор, Информатичка поддршка на земјоделството, Активностите на Француската агенција за развој, Активностите на Светската банка во областа на економскиот развој, Корупцијата во франкофонскиот простор, Следење на економската стратегија на Франкофонијата, Примена на информатичките технологии во полза на одржливо земјоделство, Здравствените системи во франкофонскиот простор, Следење на меѓународните трговски преговори водени во рамките на СТО.

На учесниците на оваа седница ќе им се обрати г. Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата, претставници на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, г. Монсеф Фолен, експерт за економија и одржлив развој во МОФ, г. Бенуа Шарет, известител од Канада, г. Ндула Тиам, известител од Мали и бројни експерти. 

Click