Соопштенија

Понеделник, 21 мај 2018 година

Пратеникот Џеват Адеми на Конференција во Букурешт 

Од 21 до 22 мај 2018 година во Букурешт, Романија, ќе се одржи Конференцијата на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г. Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

На учесниците на оваа Конференција со воведни излагања ќе им се обрати г. Ливиу Драгнеа, претседател на Претставничкиот дом на Романија; г-ѓа Виорика Данчила, претседателка на Владата нa Романија; г. Теодор Мелешкану, министер за надворешни работи; г-ѓа Габриела Фиреа, градоначалничка нa Букурешт; проф. д-р Сорин Чимпеану, претседател на Универзитетската агенција на Франкофонијата и член на Романската секција во Парламентарното собрание на Франкофонијата; г. Серѓу Нистор, личен претставник на претседателот на Романија за Франкофонија и г-ѓа Симона Букура-Опреску, претседателка на Романската секција во Парламентарното собрание на Франкофонијата. 

На оваа Конференција ќе се дебатира за промоција на Франкофонијата, подготвувањето на XXXI Регионално собрание Европа на ПСФ и определување на централната тема, што ќе се одржи во Андора во октомври 2018 година, следење на резолуциите на ПСФ, усвоени на Годишната сесија на ПСФ во Луксембург во 2017 година, Извештаите на комисиите на ПСФ од Регион Европа и други прашања од делокругот на ова меѓународно парламентарно собрание.

На учесниците на оваа Конференција, со прилози ќе им се обратат г-ѓа Санда-Мариа Арделеану, поранешна претседателка на Романската секција во ПСФ, Н.Е. Рана Мокадем, претседателка на Групата амбасади, делегации и франкофонски институции (GADIF); г-ѓа Рени Јотова, директорка на Регионалното биро на Меѓународната организација на Франкофонијата за централна и Источна Европа (BRECO); г. Ив Каракацанис, генерален директор на Dacia и Групацијата Renault Roumanie; Н.Е. Мишел Рами, амбасадорка на Француската Република во Романија; г. Мохамед Кетата, регионален директор на Универзитетската агенција на Франкофонијата за Централна и Источна Европа и г-ѓа Моника Жиман, претседателка на Франкофонската мрежа на жени претприемачи.





Click