Соопштенија

Недела, 21 октомври  2018 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Чешка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по покана на претседателот на Претставничкиот дом, Радек Вондрачек, на 22 и 23 октомври 2018 година ќе престојува во официјална посета на Република Чешка. 

Во придружба на претседателот на Собранието ќе бидат претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Чешка, Јагода Шахпаска и членките на Групата за соработка, Владанка Авировиќ и Теута Билали.

Во рамките на официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Македонија, предвидени се билатерални средби со државниот врв на Република Чешка.

Претседателот Џафери и делегацијата ќе остварат средби со премиерот на Република Чешка, Андреј Бабиш; со претседателот на претставничкиот дом, Радек Вондрачек; како и средби со претседателите на Комисијата за надворешни прашања на Домот на пратеници во Парламентот на Република Чешка. 

Click