Соопштенија

Среда, 4 октомври 2017 година

Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот демократски институт НДИ,  организира: Промоција на кандидатки за градоначалнички во Република Македонија.

Промоцијата ќе се одржи на 6 октомври 2017 година, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, со  почеток во 12.00 часот.

На промоцијата поканети се кандидатките за градоначалнички во Република Македонија, носителките на советничките листи, пратениците на Собранието на Република Македонија, генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, претставници на Секторот за еднакви можности на Министерството за труд и социјална политика на РМ, Македонското женско лоби, Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ), меѓународните организации, дипломатски претставништва и претставници од Европската комисија.

Вашето присуство може да го пријавите на k@sobranie.mk 

ПРОГРАМА:

  • 12.00 - 12.10   Воведни обраќања:
- Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички

- Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените имажите

  • 12.10 - 12.20   Крис Хеншоу, директор на НДИ Македонија
  • 12.20 - 13.20   Презентација на кандидатките за градоначалнички
  • 13.20 - 13.30   Заклучоци
Click