Соопштенија

Вторник, 13 февруари 2018 година

Собраниска делегација на Парламентарно собрание на Медитеранот

Членовите на Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, г-ѓа Теута Билали и г. Енес Ибрахим, ќе учествуваат на  12. Сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот, која ќе се одржи од 14 до 17 февруари 2018 година во Букурешт, Романија. 

Темите кои ќе бидат предмет на дискусија на овој настан се: „Спротивставувајќи се на растечката закана од тероризам“, „Политичките и безбедносните случувања во МЕНА регионот“, „Климатските промени“, „Човековитеи права и миграцијата“, „Олеснување на трговијата и поддршка на инвестициите“ и „Заштита на културното наследство“.

На состаноците, ќе бидат разгледани резолуции според темите од програмата, за кои земјите членки ќе имаат можност да поднесуваат амандмани, ќе се гласа и на крајот ќе се донесе финална декларација.
На отворањето на пленарната сесија, предвидено е свои пригодни обраќања да имаат г. Ливиу Драгнеа, спикер на Претставничкиот дом на Романија, г. Калин-Попеску-Таричеану, спикер на Сенатот на Романија и г. Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Целта на учество во ПС на Медитеранот е парламентите на регионот да работат заедно, за да стигнат до оние заеднички цели кои водат кон создавање на најдобрите политички, социјални, економски и културна средини и услови за граѓаните на земјите членки.

Click