Соопштенија

Петок, 7 јули 2017 година

Учество на пратеничката Хадри на Конференција во Талин

Пратеничката Шпреса Хадри, од 9 до 11 јули 2017 година, ќе учествува на  Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на државите членки на ЕУ - КОСАК, која се одржува во рамките на естонското претседавање со ЕУ, во Талин.

На КОСАК-конференцијата ќе бидат презентирани Програмата и приоритетите на  естонското претседавање со Советот на ЕУ, од страна на  премиерот на Естонија  г. Јури Ратас,  а ќе се расправа и за други ЕУ актуелни прашања.

Click