Активности

Четврток, 7 септември 2017 година

Четврта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, со која претседаваше претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, денеска го заврши општиот претрес по Законот за употреба на јазиците, во прво читање, по што Комисијата со 9 гласа  „за“, и ниту еден глас „против“ и „воздржан“ го усвои  заклучокот  дека законот е прифатлив, и од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ,  и треба да се даде на натамошно читање. 

Претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, во своето воведно  обраќање го истакна значењето на донесувањето  на Законот за употребата на јазиците, со што се заокружува  нормативниот дел, којшто произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, при што им се заблагодари  на  пратениците  од сите политички партии кои  учествуваа во  расправата за  нивната конструктивност и придонес  во расправата.

Комисијата, како матично работно тело, по законот, кој е со знамето на Европската унија и е дел од Националната програма за усогласување на правото со ЕУ за 2017-2020 година,  ја започна расправата по законот во вторникот, која продолжи во средата и заврши денеска, согласно деловничките одредби на Собранието на Република Македонија, кои предвидуваат  општиот претрес  по законот во  прво читање да заврши  најмногу во рамките на  три работни дена.

Во текот на тридневната расправа учество зедоа пратениците: Антонио Милошоски, Џеват Адеми, Илија Димовски, Стево Пендаровски, Мирсада  Емини, Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Невенка Стаменковска,  Нола Исмајлоска,  Жаклина Пешевска,  Трајчо Димков, Зекир Рачмиловиќ, Шпреса Хадри, Димитар Стевананџија, Фадил Зендели и Томислав Тунтев. 

Click