Среда, 18 април 2018 година
Десетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 10. Седница одржана на 17 април 2018 година, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:
- Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за за земјоделство и рурален развој - II читање;
- Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделско земјиште - II читање;
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за здравјето на растенијата - II читање; (Поднесен од: Ејуп Алими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ)
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за шумарска и ловна инспекција - II читање; (Поднесен од: Ејуп Алими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ)
- Предлог-закон за изменување и дополнување на Закон за Државниот инспекторат за земјоделство - II читање; (Поднесен од: Ејуп Алими, Јован Митрески, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ)
- Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за ловство - II читање;
- Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура - II читање;
На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за за земјоделство и рурален развој, Предлог-законот за изменување и дополнување на Закон за шумарска и ловна инспекција и Предлог-законот за изменување и дополнување на Закон за Државниот инспекторат за земјоделство ќе бидат изготвени Дополнети предлози на законите во кои ќе бидат вградени прифатените амандмани од страна на Комисијата.
Претседавачот на Комисијата, г-ѓа Татјана Прентовиќ ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието во однос на останатите точки на дневен ред не се поднесени амандмани по Предлог-законите.
На крајот од расправата, Комисијата, горенаведените Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.