Активности

Понеделник, 9 јули 2018 година

Економскиот развој е приоритет за сите земји

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина оствари средба со потпретседателот на Националниот комитет на Кинескиот политички и консултативен совет на 13. Национален когрес, Џанг Чингли и делегацијата, која е во тридневна официјална посета на Република Македонија.

На средбата, покрај претседателката на пратеничката група, Владанка Авировиќ, присуствуваа ипратениците: Весна Пемова, Агим Шаќири, Анета Симеска-Димоска и Тања Ковачев.

Авировиќ изрази задоволство од односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување. Воедно упати благодарност до сите учесници низ годините кои помагале во развој на односите меѓу двете земји.

Покрај политичките и економските односи кои се во нагорна линија, во иднина, беше посочено треба да се развиваат односите на полето на образованието, преку културните и образовните центри, промоција на Институтот за кинески јазик во Македонија, заемна размена на студенти, како и развој и промоција на туризмот.

Потпретседателот на Националниот комитет Чингли се заблагодари за искреното и срдечно добредојде, како и за честитките и позитивни забелешки од македонската страна за напредокот на економскиот развој на Кина, а на оваа средба гледа како одлична можност за размена на мислења и искуства.

Тој изрази благодарност за долгогодишната посветеност на групите за пријателство на двете земји, кои во минатото дадоа придонес за развој на односите, како и за непрекинатите напори за нивно унапредување во иднина.