Активности

Среда, 6 декември 2017 година, Брисел

Груби - Ауер: Брисел смело и со визија за целосна и обединета континентална Европа

Интензивната агенда на средби на високо ниво во Брисел, пратеникот Груби ја продолжи со г. Едвард Ауер, директор за Западен Балкан во канцеларијата на   г-ѓа Могерини, при Европската служба за надворешно дејствување.  

Груби и Ауер ги разменија видувањата за актуелностите во Македонија  и регионот, со посебен акцент на реформите и добрососедството.

Пратеникот Груби говореше околу подготвеноста на официјално Скопје и владината коалиција со цел да ги решаваат споровите со соседите, за што сведочи и постигнувањето на договорот со Бугарија за добрососедство, како и истакна дека коалицијата со истата смелост ќе се пристапи по однос на прашањето за името со Грција. 

Што се однесува до реформите, Груби изјави дека оваа година треба да се реши прашањето за новиот обвинител, Законот за верификации на факти и Законот за судскиот совет, Законот за заштитени сведоци со надеж дека и опозицијата ќе ги поддржи и ќе стане дел од реформските решенија. 

Нашите очекувања се дека и Брисел ќе постапи смело и со визија за целосна и обединета континентална Европа - истакна Груби на крајот од средбата. 

Click