Активности

Четврток, 12 април 2018 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Комисијата за транспорт, врски и екологија на денешната 16.седница одржа Јавна расправа на тема: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На Јавната расправа беа поканети членовите и замениците на Комисијата за транспорт, врски и екологија; министерот за информатичко општество и администрација, г. Дамјан Манчевски; министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, г. Роберт Поповски; директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, г. Зоран Трајчевски; претставници од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; претставници од Стоанска комора; претставници на телевизии, весници, радија, здруженија на новинари, експерти од областа, комуниколози, асоциации на новинари, невладини организации, претставници од ОБСЕ и други.

Во дискусијата се вклучија претставниците на поканетите субјекти, а на крајот од Јавната расправа беше едногласно изгласан следниот заклучок: Сите конструктивни забелешки кои произлегоа од дискутантите учесници на Јавната расправа по однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе се земат предвид и ќе се поднесат во форма на амандмани од страна на овластени предлагачи во второ читање на Комисијата закажана за 16 април 2018 година.

Click