Активности

Вторник, 30 јануари 2018 година

Петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 5. седница, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесен од пратениците: г. Јован Митрески, г. Реџаиљ Исмаили, г. Диме Велковски и г. Сашко Костов.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пратеникот Диме Велковски како претставник на предлагачите, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседавачот со седницата на Комисијата, г-ѓа Татјана Прентовиќ ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

По расправата, Комисијата, без дискусија го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Click