Активности

Понеделник, 12 март 2018 година

Пратеникот Хасани во Истанбул

Јусуф Хасани, заменик-член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот на соработка на Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), учествуваше на Седницата на Генералниот комитет за економија, инфраструктура и енергија на ПС на ПСЈИЕ, што се одржа на 9 и 10 март 2018 година, во Истанбул, Република Турција.

На седницата учествуваа и претставници на делегациите на Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Косово, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.

Седницата ја водеше Џенгиз Ајдогду, претседавач на генералниот комитет, а на отворањето, на присутните им се обрати Зија Алтунјалдиз, претседател на Комисијата за индустрија, трговија, енергија, природни ресурси, информации и технолгија на Парламентот на Република Турција.

По нивното обраќање, следеше работен дел каде што преку презентации и дебата на учесниците се дискутираше на тема: Можности за економска соработка во ЈИЕ.

Во текот на седницата беше усвоен Предлог-извештај и Предлог-резолуција на генералниот комитет, на горенаведената тема.

Click