Активности

Сабота, 16 декември 2017 година

Претседателот Џафери му оддаде почит на романскиот крал Михаил Први

Денес со највисоки државни и воени почести беше погребан Кралот Михаил Први на Романија.

Делегацијата на Република Македонија составена од претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и вицепремиерот Кочо Анѓушев, придружувана од амбасадорот на Република Македонија во Романија, му оддадоа почит на Кралот на мисата која што се одржа во Кралската палата.

На мисата присуствуваа високи гости од државата и странство, како и кралот на Шведска, Карл Шеснаесетти Густаф; кралот на Шпанија, Хуан Карлос Први; принцот на Велс, Чарлс и претставници на кралските семејства од Европа.

Click