Активности

Среда, 3 мај 2017 година

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери го прими евроамбасадорот Жбогар

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Талат Џафери, претпладнево, во својот кабинет, го прими aмбасадорот на Европската Унија, г. Самуел Жбогар. 

На средбата, амбасадорот Жбогар, уште еднаш, му го честита изборот на господин Талат Џафери, истакнувајќи дека со ова Собаранието и Република Македонија продолжуваат со процесот на целосна интеграција во евроатлантските структури. 

Од своја страна, претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, истакна дека тој со преземањето на функцијата, пред сè, ќе работи на јакнење на демократските процеси и целосно остварување на принципите на парламентарната демократија во функционирањето на Собранието како законодавен дом. 

Очекувам, истакна претседателот Џафери, брзо формирање на новата Влада и потоа сите заедно, почитувајќи ја, пред сè, самостојноста на сите гранки на власта да работиме за добробит на сите граѓани на Република Македонија, како и за остварување на нашите стратешки определби, а тие се членство во НАТО и во ЕУ.

Click