Активности

Четврток, 14 септември 2017 година

Силното партнерството меѓу Вермонт и Македонија е пример за соработка во одбраната и безбедноста

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија оствари средба со Делегација од Националната гарда на Вермонт, предводена од генерал-мајор Стивен А. Креј, генерален адмирант за Државата Вермонт.

На почетокот на средбата, претседателот на Комисијата, г. Максим Димитриевски, ги претстави членовите на истата и се заблагодари за посетата како потврда за традиционално пријателските меѓусебни односи и како дополнителен ветер во грб за нашите определби. Тој ги спомена потпишаните договори за соработка во областа на одбраната и безбедноста и низата заеднички активности.

Генерал-мајорот Креј изрази задоволство од посетата на пријателска земја, потенцирајќи дека 20-годишното партнерство меѓу Вермонт и Македонија е едно од најсилните и истото служи како модел за другите. Тој посака надоградување на успешната соработка, идна распределба на војниците и зголемување на буџетот за воените сили.

На средбата беше изразена благодарност за сеопфатната поддршка од Вермонт, придонесот за приближување кон НАТО, размената на искуства, несебичната помош на логистичко-технички и финансиски план.

Присутните беа согласни околу огромниот придонес на Република Македонија во мировните операции на НАТО, големото искуство и кадарот со кои располага Армијата на Република Македонија, која е пожелен партнер во меѓународната соработка и недвосмисленоста за заслужено членство во Алијансата, како стратешка цел на земјата.  

Click