Активности

Вторник, 17 април 2018 година

Средба на Комисијата за одбрана и безбедност со Чешка делегација

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, оствари средба со Чешка делегација, предводена од г. Јири Шестак, потпретседател на Сенатот на Чешката Република.

Со средбата претседаваше претседателот на Комисијата, г. Хари Локвенец, кој искажа задоволство од посетата на Делегација од пријателска земја, благодарност за употребата на уставното име на Република Македонија и можноста за продлабочување на соработката.

Тој потсети на градењето на целокупните односи меѓу двете земји во областа на одбраната и заедничките активности на македонските државни граници во борбата со миграциската криза. 

Господин Локвенец ја потенцира стратешката цел на земјата - членство во ЕУ и НАТО и за таа цел усогласување на македонското со европското законодавство. 

Во тој контекст, ги запозна гостите со носењето реформски закони во Парламентот, со сеопфатни јавни расправи, со цел враќање на довербата на граѓаните во безбедносните и разузнавачките служби, со гаранција дека нема да има никаква злоупотреба. 

Притоа, во фокусот на разговорите беа политиката на азил, следењето на комуникациите и справувањето со организираниот криминал, тероризмот и екстремизмот.

Заложбите, конкретните мерки и позитивниот став на Чешка за интегрирањето на нашата земја во ЕУ и НАТО се од исклучителна важност за нас како земја кандидат. 

„Кога Република Македонија би имала многу повеќе пријатели како Чешка, сигурно би биле многу понапред во евроинтегративните процеси“, истакна г. Локвенец.

Господинот Шестак, од своја страна, изрази благодарност за приемот и добивањето исцрпни информации, покажувајќи отвореност за каква било помош од Чешката Република за Република Македонија. 

Click