Активности

Среда, 18 април 2018 година

Средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со вишиот експерт за медиуми, г-ѓа Жељка Лекиќ-Шубашиќ

Комисијата за транспорт, врски и екологија вчера одржа средба со г-ѓа Жељка Лекиќ-Шубашиќ, виш експерт за медиуми и заменик-лидер на Проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на медиумите на јавните служби во Западен Балкан“.

Главната цел на Проектот е реформа и професионалниот развој на медиумите за јавни услуги во Западен Балкан, како и да се произведе плуралистичка, независна и одговорна содржина.

Корисници се шесте медиуми за јавни услуги во: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Како засегнати страни се парламентарните комисии што се одговорни за медиумите, регулаторните тела за медиуми и управните тела.

Проектот ќе се спроведува од 1 февруари 2018 година до 31 јули 2020 година. Регионалната канцеларија за проекти ќе биде со седиште во Подгорица.

На средбата беа разменети мислења, ставови и прашања во врска со темата на Проектот.

 

Click