Активности

Петок, 10 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со државниот секретар за надворешни и европски работи на Словачката Република, г. Иван Корчок

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска оствари средба со државниот секретар за надворешни и европски работи на Словачката Република, г. Иван Корчок.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери искажа особено задоволство за можноста да оствари средба со претставник на земја со која Република Македонија има одлични и долгогодишни динамични билатерални односи на повеќе нивоа. На парламентарно ниво, Парламентот на Република Словачка го сподели искуството при формирањето на парламентарниот институт во Собранието на Република Македонија.

За време на средбата, соговорниците разменија мислења за евроатланските интеграции на Република Македонија, при што претседателот на Собранието го информираше гостинот за поинаквиот, позитивен пристап кон ова прашање, особено преку подобрувањето на односите со соседите и отпочнувањето на реформите што се неопходни за приближување на Република Македонија до ЕУ и финално, полноправно членство во евроатланската алијанса.

Државниот секретар за надворешни и европски работи на Словачка, г. Иван Корчок, ги потенцираше одличните билатерални односи меѓу двете земји и позитивните трендови на интензивирање на економската соработка преку словачки инвестиции во Република Македонија. Исто така, Република Словачка ќе ја засили поддршката на Република Македонија на патот кон Европската Унија и НАТО и како иницијатор на проектот „Национална конвенција за ЕУ во Република Македонија“, што ќе помогне во исполнувањето на критериумите согласно препораките на Прибе и планот за реформи на Владата на Република Македонија.

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери ја искажа подготвеноста на Собранието на Република Македонија да придонесе во реализација на овој проект, бидејќи неговите цели се во согласност со определбата за отворен парламент за граѓаните и граѓанското општество.  

Click