Активности

Четврток, 5 октомври 2017 година

Средба на претседателот Џафери со претставници на НДИ

Претседателот на Собранието на Република Македонја, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова, денес оствари средба со г. Кен Волак, претседател на Американскиот национален демократски институт, г. Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ од САД за Европа и г. Крис Хеншоу, директор на НДИ за Македонија. 

На средбата беше изразено обострано задоволство од обемот на долгогодишната успешна соработка која ја имаат Собранието на Република Македонија и НДИ, како и интенцијата за нејзино понатамошно продлабочување.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, изрази благодарност за многубројните покренати иницијативи за соработка, меѓу кои и отворањето на Парламентарниот институт, при што од страна на г. Волак беше нагласено дека НДИ останува и понатака отворен за реализација на идните проекти и за парламентарна соработка.

Соговорниците искажаа подготвеност за уште поголемо интензивирање на  активностите во периодот кој следи.

Click