Активности

Петок, 22 септември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со шефот на Мисијата на ОДИХР во Македонија, г-ѓа Одри Гловер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, предводена од г-ѓа Одри Гловер, шеф на мисијата на ОДИХР во Македонија.

На средбата се зборуваше за неопходноста од одржување на фер и демократски избори како и за важната улога што Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ја има во мониторингот и оценката на предизборниот и изборниот процес.

На средбата соговорниците се согласија дека изборите се клучен фактор во демократските процеси во земјата и дека сите инволвирани страни мора да покажат политичка волја и да преземат одговорност за нивно непречено одвивање.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР најавија дека ќе продолжат будно да го следат предизборниот и изборниот процес. Заеднички е изразена согласност дека на 15 октомври мора да се спроведат фер и регуларни избори и дека е важно докрај да се обезбедат сите услови за да можат граѓаните слободно да ја изразат својата волја. 

Click