Активности

Вторник, 1 август 2017 година

Учество на членовите и замениците членови на Комисијата за одбрана и безбедност на Отворениот ден на вежбата Драгоон Гуардиан 17

Во рамки на вежбата Драгоон Гуардиан 17, на армискиот полигон Криволак беше организиран Отворен за високи гости и медиуми. 

Рапортот пред министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска Јанковска на Криволак беше проследен и со неколку показни вежби. Освен  кампот Стрела каде се стационирани војниците, беше презентирана и пистата за дронови која ќе биде прва од ваков тип во Република Македонија.

Членовите и замениците членови на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на покана од страна на Министерството за одбрана учествуваа на Отворениот ден на вежбата Драгоон Гуардиан 17.

На воената вежба учествуваат 90. припадници на АРМ од инженерскиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада и околу 300 припадници на Армијата на САД во Европа. На вежбата учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за давање логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.

Целта на вежбата е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД, како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.

Click