Активности

Понеделник, 28 мај 2018 година

Учество на Собраниска делегација на ИПУ семинар во Белград

Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Илија Николовски и г. Иван Стоиљковиќ, учествуваа на Регионалниот семинар за Одржливите развојни цели, за парламентите од источна и централна Европа, во организација на Народното Собрание на Република Србија и Интерпарламентрната унија. Семинарот се  оддржа во Белград на 24 и 25 мај, 2018 година.

На отварањето на семинарот присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, кој во исто време, беше на официјална возвратна посета на  Република Србија.

Семинарот беше отворен од страна на претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Маја Гојковиќ и од претседателот на ИПУ, г-ѓа Габрела Куевас-Барон.

Во текот на дводневната работа, учесниците на семинарот расправаа и разменија ставови, погледи, и искуства за агендата за одржлив развој и приоритетите на земјите од регионот; добиените резултати од парламентите во регионот со надгледување на имплементирањето на целите за одржлив развој; намалувањето на сиромаштијата во регионот, посебно кај маргинализираните групи; промовирањето на здравствената заштита; климатските промени, вклучување на младите во социјалните и политичките процеси и на крај беше презентиран Глобалниот парламентарен извештај за 201: Парламентарна контрола - Моќта на парламентот да ја задржи владата одговорна. 

Илија Николовски, при неговото обраќање, се осврна врз улогата на Собранието на Република Македонија врз развојот и имплементирањето на целите за одржлив развој, истакнувајќи дека Република Македонија, како земја канидат за членство во ЕУ, настојува  да ги исполни критериумите за придружување кон Унијата. Во таа смисла, во октомври 2009 година усвоена е Националната стратегија за одржлив развој до 2030 година. Стратегијата предвидува долгорочни, среднорочни и краткорочни мерки. Тој подвлече дека елементите на одржливиот развој се составен дел на неколку закони, усвоени од страна на Собранието на Република Македонија.

Николовски рече дека Собранието ги има поставено стратешките основи и институционалната рамка за планирање и имплементација на одржливиот развој, со што е обезбедена платформа за мултисекторска акција и сите активности кои се превземаат имаат за цел надминување на предизвиците во социјалната, економска и животната свера, како столбови на одржливиот развој.

Click